Лејкерс се посрамоти во Филаделфија, шампионот победува и без Јокиќ

Дерби

28/11/2023

11:28

4.108

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Филаделфија Севентисиксерс и Денвер Нагетс славеа над Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс во дерби средбите што се одиграа во НБА лигата.

Филаделфија им одржа вистинска лекција на „езерџиите“ совладувајќи ги со 138:94. Домаќините беа подобри, доминираа во сите четири четвртини и на овој начин му го нанесоа најтешкиот пораз на Лејкерс во меѓусебните дуели (290).

Ова и за Џејмс беше најтежок пораз во кариерата, но воедно ова беше дуел во кој Леброн постави и еден позитивен рекорд, стана кошаркар со најмногу поминато време на теренот во историјата на НБА.

Макси со 31 поен беше прв стрелец, Ембид имаше трипл-дабл од 30 поени, 11 скокови и исто толку асистенции. Џејмс со 18 и Дејвис со 17 кошеви беа први стрелци кај гостите од Калифорнија.

Денвер Нагетс пак важеше за апсолутен аутсајдер во пресметката со Клиперс во Лос Анџелес со оглед на тоа што немаше на располагање тројца играчи од стартната петорка и тоа Јокиќ, Мареј и Гордон. Меѓутоа и без нив шампионот покажа срце, карактер и го суреди домашниот ѕвезден тим со 113:104,

Нагетс беа подобри во втората и четвртата четвртина, особено во тој завршен период кој го реализираа со 36:16.

Џексон испорача 35 поени со 13 асистенции, а ветеранот Џордан имаше 21 поен и 13 скокови. Залудни за Клиперс беа 31 кош на Ленард.

Останати резултати: Детроит-Вашингтон 107-126, Индијана-Портланд 110-114, Јута-Њу Орлеанс 114-112.