Калабрија пред соочувањето со Дортмунд: Ние се однесуваме како супер херои, ама…

Дерби

28/11/2023

11:26

1.011

Големина на фонт

а а а

Милан ја дочекува Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, меч кој е од исклучителна важност за двата клуба во борбата за пласман во нокаут фазата.

Бундеслигашот е во подобра позиција пред овој дуел, има седум бода или два повеќе во однос на „росонерите“ кои пак ќе се обидат да го искористат домашниот терен и со три бода да направат голем исчекор кон посакуваната цел.

Меѓутоа тоа нема да биде воопшто лесно и тоа го знае капитенот Давиде Калабрија.

- Играњето против големи играчи предизвикува многу тешкотии, но тоа секако носи многу и од вас и тоа е она што го сакаме. Очекувам сеопфатен настап, од крај до крај, со тим кој сака многу да напаѓа, многу контранапади, -рече Калабрија кој знае дека многу се очекува од „росонерите“, но тој потсетува дека ова се уште е млад тим кој има многу простор да расте, напредува.

- Ние се однесуваме како суперхерои, но ние сме група од 15, 18, 25-годишници. Живееме за радоста да играме фудбал. Тоа е наша работа, вложуваме многу одлучност, интензитет и желба. И ние го правиме тоа за да ги направиме нашите семејства горди и да ги израдуваме навивачи, - заклучи дефанзивецот.

Средбата е закажана за вечерва на „Сан Сиро“ од 21 часот.