[ВИДЕО] Вака изгледал животот на северот од Газа пред војната: Палестински новинар објавил видеа кои сега делуваат неверојатно

Точка

28/11/2023

11:21

2.716

Големина на фонт

а а а

Палестинскиот новинар Јоусеф Алхелоу кон крајот на минатата седмица на социјалната мрежа ТикТок објавил компилација видеа на кои може да се види како животот на северот од Газа изгледал пред нападот на Хамас на Израел којшто се случил на 7 октомври.

На едно од видеата може да се види како и старите и младите се капат во Средоземното море и како си играат на плажа додека друго покажува фудбалски натпревар, купување овошје на пазар на отворено, како и ловење риба.


Израел по споменатиот напад во којшто биле убиени околу 1.300 Израелци, почнал да ја бомбардира Газа. Палестинската воено-политичка организација Хамас која е на власт во Газа изјавила дека во тие бомбашки напади починале речиси 15 илјади луѓе, главно цивили, пренесува српски „Курир“.

Инаку, Јоусеф Алхелоу на ТикТок го следат над 39 илјади корисници, а новинската агенција „Ројтерс“ на својата интернет страница напишала дека Палестинецот како новинар работи од 2007 година и дека соработувал со бројни локални и меѓународни медиумски куќи меѓу кои и британската национална јавна телевизија „Би-би-си“.

„Ројтерс“ додал дека Алхелоу е еден од попознатите новинари во Газа и дека ја следи уметноста, спортот и хуманитарните прашања.


Палестинецот конфликтите на Блискиот исток ги следи со години, а известувал и за војната во Газа која се одвивала кон крајот на 2008 година и почетокот на 2009 година како и израелската операција во Газа која се случила во ноември 2012 година.

Алхелоу го води профилот и на „Фаза ТВ Њуз“ на Фејсбук кој го следат 396 илјади корисници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг