[ВИДЕО] Ослободена Израелка: Прво јадевме пилешко со ориз, конзерви, подоцна гладувавме

Макфакс

28/11/2023

10:52

808

Големина на фонт

а а а

Постара жена која беше ослободена од заробеништво во Газа рече дека милитантите ја држеле во загушлива соба и дека условите се влошиле како што конфликтот напредувал.

Рути Мундер (78) за израелскиот „Канал 13“ изјави дека спиела на пластични столчиња покриени со чаршаф речиси 50 дена, заедно со нејзината ќерка Керен и внукот Охад Мундер-Зихри.

„Беше многу тешко. Дознав дека син ми е убиен од борец на Хамас. На почетокот ни даваа пилешко и ориз, секакви видови конзервирана храна и сирење. Но, како што се влошуваше економската ситуација, луѓето почнаа да гладуваат“, рече таа.

Мундер, чиј 78-годишен сопруг се уште е заробен во Газа, вели дека наутро и навечер им давале чај, а на децата слатки. За време на заробеништвото, вели таа, верувала дека ќе биде ослободена.

„Бев оптимист. Верував дека ќе не ослободат“, рече таа.

На 7 октомври милитантите на Хамас ја киднапираа Мундер од нејзиниот дом во кибуц во јужен Израел. Во нападот бил убиен нејзиниот син. Таа рече дека таа и остатокот од семејството биле ставени во возило и однесени во Газа. Еден милитант ги покрил со ќебе за да не ги видат другите борци околу нив, рече таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг