За една година до 48 милиони долари: Овие ѕвезди заработија најмногу на „OnlyFans“

Точка

28/11/2023

09:24

4.819

Големина на фонт

а а а

Многу познати ѕвезди покрај работата како пејачки, актерки, водителки, заработуваат и на „OnlyFans“, еротска платформа која беше основана во 2016 година. Но, кој заработи најмногу оваа година? Можеби ќе бидете изненадени од она што го откри извештајот на компанијата „LELO“.

Поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз моментално е на петтото место и досега има заработено импресивни 26 милиони долари на платформата (каде што наплаќа месечна претплата од 5 долари).

Поранешната ѕвезда на Дизни, Бела Торн заработила 32 милиони долари.

На третото место е Блек Чајна, која откако наплаќала 19,99 долари месечно за гледање на нејзините содржини, заработила 35 милиони долари - но го деактивирала својот профил во март.

На второ место е раперката Карди Би, која неодамна заработила дополнителни 10 милиони долари, со што нејзината вкупна заработка достигна неверојатни 45 милиони долари.

Иги Азалеа ги престигна останатите

На прво место е австралиската раперка Иги Азалеа - која нема издадено нова музика две години.

Раперката досега заработила 48 милиони долари на „OnlyFans“, а тоа го направила за помалку од една година откако го отвори својот профил. 33-годишната раперка се приклучила на платформата во јануари годинава, додека Карди Б е на „OnlyFans“ од 2020 година.

Други познати личности од машкиот пол кои се на врвот на листата со највисока заработувачка на „OnlyFans“ се Тајга, Крис Браун и Остин Махон.

Креативност на платформата

Зборувајќи за тоа кога се приклучи на „OnlyFans“ претходно оваа година, Иги (вистинско име Аметист Амелија Кели) изјавила дека не знаела дека може да биде толку креативна на платформата. „Искрено, никогаш не знаев дека OnlyFans е место каде што можам да бидам креативна, па не очекував да работам со нив на мојот најголем проект досега“, изјавила таа за „Variety“.

„Откако навлегов подлабоко во тоа што значи да се има „OnlyFans“, сфатив дека тоа е совршена платформа за лансирање на мултимедијален концепт“, додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг