[ВИДЕО] Погледнете го наместениот натпревар по кој петмина фудбалери биле суспендирани

Макфакс

27/11/2023

22:51

2.753

Големина на фонт

а а а

Етичката комисија на Фудбалскиот сојуз на Латвија од фудбалот исфрлила петмина фудбалери поради местење на натпревар.

Станува збор за натпревар од втората латвиска лига меѓу Динамо Рига и Тукумс. Гостите победиле со 3:4, иако на полувремето губеле со 3-0, а снимката од последните два покажува како играчите на Динамо намерно им дозволувале да постигнуваат голови.

Даниел Федерович, Александр Картишов и Артурс Лотчиков се казнети со едногодишна суспензија, а Вахтанг Јомидав и Бадр Лолу на тригодишна бидејќи не соработувале во истрагата.

Динамо Рига по овој натпревар ја напушти лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг