Рајт за играчот кој прави најголема разлика во Арсенал: Приредивме грабеж со него

Дерби

27/11/2023

19:48

1.949

Големина на фонт

а а а

Јан Рајт е жива легенда на Арсенал и стандардно ги следи и коментира сите натпревари на „топчиите“, уште повеќе кога тимот бележи добри резултати и напредок на табелата како што е случајот во овој момент.

Тимот на Микел Артета се врати на првото место на табелата со победата на гостувањето кај Брентфорд, триумф кој беше тешко изборен со гол во самата завршница, но за кој круцијална улога одигра и Деклан Рајс.

Најскапото летно засилување вадеше топка од гол линијата и спречи чист погодок на домаќинот, а кога на ова ќе се надоврзат и сите добри партии од стартот на сезоната, Јан Рајт чувствува дека Вест Хем добил премалку за англискиот репрезентативец.

– Флуидноста и физичките предиспозиции кои ги покажува од коло во коло, прават да се разликува од било кој друг играч. Го сакам Мартин Одегард и тој е нашиот капитен, но според стилот на игра, капитен треба да биде Рајс. Тој се однесува како да е капитен на овој тим. Не сум заслепен бидејќи игра за Арсенал, го велам ова бидејќи навистина прави добри работи на теренот.

– Повремено зборувам со мои пријатели кои се фанови на Вест Хем и им велам дека ги ограбивме. Се чувствувам како да го ограбивме Вест Хем, сметам дека требаше да добијат уште најмалку 20 милиони фунти. Се шегувам дека ќе им дадам уште 20 милиони фунти бидејќи го добивме за 100 милиони фунти. Тој ја прави најголемата разлика во Арсенал од стартот на сезоната, – заклучува Рајт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг