Ситуацијата е драматична и во Укриана каде повеќе од 2.000 села останале без струја, а бура ги зафатила и Молдавија, Грузија и Бугарија.
Бурата на векот, или „Мегабура“, како што ја нарекуваат руските медиуми, во неделата го зафатила југот на Русија и анектираниот полуостров Крим, известиле спасувачките служби. Во соседна Укриана, повеќе од 2.000 места останале без струја, додека патиштата се блокирани.
Руското министерство за енергетика објави дека речиси два милиони луѓе во понеделникот останале без струја во Русија, на полуостровот Крим и во четири украински региони кои Русија ги окупирала: Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, пренесува „Tass“.
WATCH: Footage shows giant waves amid massive flooding due to Storm Bettina in Sochi, Russia along the Black Seapic.twitter.com/E4axzOKJ7m
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) November 27, 2023
Локалните медиуми пишуваат за најмалку четири смртни случаи поврзани со бурата. Државната агенција „TASS“ наведува дека едно лице настрадало во туристичкиот град Сочи, второ на Крим, а трето на брод во Керчкиот премин кој ги одвојува Крим и руското копно.
Ситуацијата е драматична и во Укриана каде повеќе од 2.000 села останале без струја, а бура ги зафатила и Молдавија, Грузија и Бугарија.
Footage of a quite stunning flooding with giant waves caused by Storm Bettina and happened in Sochi, on the Black Sea, on November 27, 2023pic.twitter.com/DD8yNEtBYt
— Massimo (@Rainmaker1973) November 27, 2023
Во регионот Краснодар, каде се наоѓаат популарните летувалишта Сочи и Анапа, бурата предизвикала корнење на стотици стебла и уништила метални конструкции на плажите, објавило руското министерство за итни состојби.