Еден од најдобрите голмани ја промени професијата: Дали знаете што прави Петр Чех?

Точка

27/11/2023

17:01

3.635

Големина на фонт

а а а

Петр Чех своевремено бил еден од најдобрите чувари на мрежата на светот, а најблескавиот период од кариерата го минал бранејќи за Челзи.

Дека спортот му е во крвта потврдил и по завршувањето на професионалното занимавање со фудбал, а тревата ја променил со мраз.

Имено, Чех се одлучил да брани во хокеј, а колку му оди добро ни доаѓа потврда од Велика Британија.

Петр станал првиот спортист во историјата кој настапувал во најелитниот ранг на англискиот фудбал и хокеј.


Чех заиграл во елитната британска хокеарска дивизија и тоа во дресот на Белфаст Џајантс.

На 4:43 минути пред крајот на натпреварот против Глазгов Клен застанал на голот место Тејлор Бескоурени и така испишал историја.

Неговиот Белфаст славел убедливо со 5-1.


Пред професионалното деби, Чех четири години бранел аметерски, а објаснил зошто го одбрал токму хокејот.

„Сакам фудбал, но се чувствував дека би било позабавно да бидам голман во хокеј на мраз. Бидејќи моето семејство не можеше да си дозволи да ми купи комплетна опрема, татко ми ме однесе на фудбал. На крајот, фудбалот победи“, рекол Чех.

По завршувањето на фудбалската кариера успеал да ги оствари своите соништа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг