Луѓето кои се вработени во овој град имаат најдобар сооднос на работа и слободно време

Точка

27/11/2023

12:19

3.417

Големина на фонт

а а а

„Forbes“ направи листа на градови со најдобар сооднос на работа и слободно време. Копенхаген е на првото место, Хелсинки на второ и Стокхолм на третото место. Во топ 5 се и норвешкиот Осло и новозеландскиот Окленд. Оваа листа покажува дека скандинавските градови им нудат на работниците најдобар квалитет на живот.

Во остатокот од листата од 25 градови, главно доминираат европски градови, но покрај европските на списокот се најдоа и австралиските Мелбурн и Бризбејн, како и Абу Даби. На листата не се наоѓа ниеден град од регионот.


Инаку, Форбс анализираше показатели кои се важни за квалитетот на животот на работниците во градовите, како што се просечниот број на годишни одмори, просечните примања, цените на недвижностите, бројот на паркови и зелени површини и врз база на тие податоци ја креираше листата.