[ВИДЕО] „Моето дете е на многу лошо место“ – мајката на киднапираниот српски државјанин објави снимка со порака

Макфакс

27/11/2023

12:02

5.397

Големина на фонт

а а а

Мајката на киднапираниот српски државјанин од Израел објави видео во кое апелира за помош за да си го врати синот дома.

Алон Охел, кој има двојно државјанство – израелско и српско, беше киднапиран на 7 октомври во Израел. Неговата судбина од тогаш е непозната.

„Јас сум Едит Охел, мајката на Алон. И јас сум мајка (#MomToo). Последен пат се слушнав со мојот син во 8:08 часот. Кога испрати порака велејќи дека е во засолниште и дека е добро. А потоа влезе Хамас и ми го киднапираше синот со уште двајца и ги ставија во камион и се оддалечија“, раскажува жената.

Ги повика сите луѓе да и помогнат да си го врати синот.

„Сакам да се ставите на мое место, каде што вашето дете е на многу лошо место, во голема опасност и не можете ништо да направите во врска со тоа. Ние мајките сме таму од моментот кога ќе ги родиме и нашата цел, нашата животна цел е да ги заштитиме нашите деца. Потребно ни е сите мајки да се обединат и да ги донесат нашите деца, нашите најблиски дома“, рекла Едит во видеото.

Израел и палестинската милитантна група Хамас изразија загриженост поради списокот на заложници и затвореници кои се очекува да бидат ослободени на четвртиот, последен договорен ден од примирјето, пишува Ројтерс.

– Имаше мал проблем со денешниот список. Катарските посредници соработуваат со двете страни за да се избегнат одложувања – рече претставникот.


Во текот на претходните три дена Израел ги објави имињата на жените и децата кои требаше да бидат ослободени од затвор, а Хамас ги објави имињата на заложниците што ќе ги ослободи 12 часа однапред.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека примил список на заложници кои „се разгледуваат и оценуваат во Израел“.

Ослободени се вкупно 50 израелски заложници, од кои 40 беа ослободени во замена за 150 палестински жени и деца.

Израел претходно постави услови за продолжување на примирјето, што би подразбирало 10 ослободени на дополнителен ден од примирјето.

Египет, Катар и САД побараа продолжување на прекинот на огнот.