Трговскиот центар „Ист гејт“ е евакуиран. Сите вработени и купувачи се надвор.
Од МВР потврдија дека било опожарено возило.
„Денеска бо 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.
Интервенирала и Противпожарната бригада.
Од страна на обезбедувањето била направена евакуација и за сега нема информации за повредени лица.
Од „Ист гејт“ објавија известување со кое потврдуваат дека бил активиран алармниот систем.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека...
Posted by East Gate Mall on Saturday, November 25, 2023