[ВИДЕО] Класата е вечна! Нов прекрасен гол на Кристијано Роналдо

Точка

25/11/2023

10:20

3.941

Големина на фонт

а а а

Овој човек е неуништлив. Непоправлив терор за голманите веќе речиси две децении. Со новите два гола стана рекордер по бројот на голови во првите лиги.

Кристијано Роналдо постигна два гола за Ал Наср против Ахдуд за победа од 3-0.

Капитенот на Португалија така стана рекордер по бројот на голови во првите лиги, а дојде до дури 517.

Роналдо само оваа сезона погоди 15 пати во 14 натпревари, а каква сезона има во Саудиска Арабија најдобро кажува податокот дека во текот на 2023-та година учествувал во акциите за 61 гол.

Најпрво погоди во 77-ма минута, а потоа на спектакуларен начин погоди и три минути подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг