Путин прати остро предупредување: „Не смее да му се дозволи монопол на Западот“

Точка

24/11/2023

20:03

6.624

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека на Западот не смее да му се дозволи да развие монопол на подрачјето на вештачката интелигенција (AI), најавувајќи дека наскоро ќе објави амбициозна руска стратегија во таа сфера.

Соединетите Американски Држави и Кина се предводници во развојот на „AI“, технологија за која многу научници и светски лидери предвидуваат дека ќе го трансформира светот и ќе го револуционизира општеството како што тоа го направиле компјутерите кон крајот на 20-тиот век.

И Москва има амбиции да стане „AI“ суперсила, но нејзините напори засега доцнат поради војната во Украина, која приндува многу талентирани научници да ја напуштат земјата, како и поради санкциите кои го сопреле увозот на високотехнолошки производи, пишува „Reuters“.


Зборувајќи во Москва на конференцијата за вештачка интелигенција, заедно со директорот на „Сбербанк“ Герман Греф, Путин рекол дека е невозможно да се забрани „AI“ и предупредил дека би било опасно и неприфатливо да им се овозможи на западните платформи да развијат монопол во „AI“ технологијата.

„Како прв чекор во многу блиска иднина ќе биде потпишан претседателски декрет, односно ќе се усвои нова верзија за национална стратегија за развој на вештачка интелигенција“, рекол Путин на пресот.


Таа стратегија ќе донесе значајни промени, вклучувајќи експанзија на фундаменталните и применети истражувања во подрачјето на генеративната вештачка интелигенција и големи јазични модели, најавува рускиот претседател.

Русија треба да направи законодавни инвестициски промени за да поттикне развој на вештачката интелигенција, заклучил тој.