[Видео] „Новиот Ибра“ руши рекорди во италијанскиот фудбал! Ќе дебитира за Милан на само 15 години?

Точка

24/11/2023

17:02

4.162

Големина на фонт

а а а

Поради Франческо Камарда, кој дури во март ќе наполни 16 години, Милан барал и добил посебна дозвола за настап во Серија А. Тоа би можело да се случи веќе во сабота против Фиорентина.

Сè уште не наполнил ни 16 години, а веќе тренира со првата екипата на великанот Милан. Оваа сабота би можел да стане најмлад дебитант во историјата на Серија А.

Името му е Франческо Камарда, роден е на 10-ти март 2008-ма година и актуелен италијански репрезентативец до 17 години.

Со оглед на тоа дека тренерот на Милан Стефано Пиоли го нема на располагање Оливие Жиру поради картони, како и повредите на Рафаел Леао и Ноа Окафор, решил да побара напаѓач во јуниорската екипа.

И тој чекор бил голем за едно 15-годишно момче, но веќе постигнал 7 гола и два пати асистирал во 13 натпревари. До 14 години за Милан постигнал неверојатни 500 гола, односно пет и пол по натпревар?!

Светот го обиколи неговата мајсторија со ножички од натпреварот од младинската Лига на шампиони против ПСЖ, а против Њукасл постигнал хет-трик.

„Вистина е, ќе го приклучиме во тимот за натпреварот против Фиорентина. Многу е талентиран, а талентот не познава години. Ќе биде подготвен ако ни е потребен“, рекол Пиоли.

Пропозициите во Италија инаку им забрануваат на помлади од 16 години настап за сениорите, но за момче кое веќе е високо 184 центиметри и кое го нарекуваат нов Златан Ибрахимовиќ направиле исклучок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг