На денешен ден пред 23 години во Европа пристигна најпродаваната конзола во историјата

Точка

24/11/2023

16:18

5.654

Големина на фонт

а а а

„Sony“ на денешен ден во 2000-та година на европскиот пазар го пушти во продажба „Playstation 2“. Оваа конзола набрзо стана хит поради неколку важни карактеристики, од кои најмногу се истакнувале компатибилноста со игрите од „PlayStation 1“ и ДВД приклучокот.

Поради тоа, на бројни купувачи „PS2“ не им послужил само како конзола за играње, туку на него можеле да уживаат и во гледање на филмови. „PlayStation 2“ се продавал побрзо од претходникот, најмногу поради графичкиот скок во однос на генерацијата претходно. Исто така, важна работа кај оваа конзола била и „EyeToy“ камерата со помош на која игрите можеле да се контролираат со движење на телото.

Од ерата на „PlayStation 2“ произлегле насловите од некои од најпознатите франшизи во историјата. Играчите така можеле да уживаат во „God of War“, „Ratchet & Clank“, „SOCOM“, „Sly Cooper“ и многу други. Имало тука и игри кои на „Sony“ многу му помогнале во растот на популарноста, посебно на овие простори, како оние од серијалот „Grand Theft Auto“, „Silent Hill“, „Gran Tourismo“ и „Metal Gear Solid“.


„PlayStation 2“ бил во развој цели 13 години. Во тој период конзолата е продадена во повеќе од 155 милиони примероци. Денес тој број се искачил на 158 милиони. За „PlayStation 2“ излегле повеќе од 4.000 игри кои се продале во 1,5 милијарди примероци.