[ВИДЕО] Се сеќавате ли на оваа држава меѓу Хрватска и Србија која „не постои“? 700.000 луѓе чекаат на државјанство

Точка

22/11/2023

14:00

11.651

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот Роберт Децешин ја посетил Либерлен, непостоечка држава која се наоѓа на крајбрежјeто на Дунав меѓу Хрватска и Србија во 2015 година основана од страна на Чехот Вит Једличка.

Во видеото кое го споделил на Јутјуб, Децешин напоменал дека последната земја која добила независност бил Јужен Судан во 2011 година и се запрашал дали тој број наскоро ќе биде сменет.

„Имено, на 13 април 2015 година, еден Чех со име Вит, пронашол парче земја со површина од седум квадратни километри сместено меѓу границата на Србија и Хрватска и така одлучил да ја прогласи за нова земја наречена Либерленд. Уште од распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во 1991 година, ниту една од новоформираните земји не побарала право над оваа територија, па така таа станала „terra nullius“ или ничија земја“, објаснува јутјуберот.

Како и останатите земји во светот, таа денес има свој претседател, влада, знаме, а самиот концепт на оваа микро-земја се темели на вреднување на слободата на граѓаните и почитувањето на нивните права.

„На сето тоа, Либерлeндѓаните, како што е нивниот назив, не плаќаат данок, па концептот на одржување на земјата се сведува на доброволни донации, со цел помош на Владата на оваа земја“, напоменува Дацешин.

Она што звучи речиси неверојатно, а е поврзано а Либерленд, е фактот што моментално околу 700.000 луѓе чекаат да добијат државјанство.

„Некогаш одамна сум слушнал за тоа парче земја меѓу Србија и Хрватска кое не му припаѓа никому и помислив зошто да не, ајде да го контактирам претседателот, да видам дали постои шанса да снимам некоја приказна за ова место. Човекот се согласи, дури се израдува. Што ти е претседател“, навел Роберт во објавата на Инстаграм.