Се појавиле билборди ширум Унгарија, на нив Фон Дер Лајен и синот на Сорос! Брисел бесен поради пораките кои ги напишале

Точка

20/11/2023

22:50

3.928

Големина на фонт

а а а

На билбордите се прикажани Фон дер Лајен и Алекс Сорос, син на либералниот милијардер и инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос, повеќегодишна мета на непријателство на партијата на Орбан, Фидес.

Унгарската владејачка партија Фидес постави огромни билборди на кои ја критикува Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија. Нивните медиуми наведуваат дека ова е прв пат партијата, на чие чело е унгарскиот премиер Виктор Орбан, да ја направи Фон дер Лајен лична мета во кампања слична на онаа која Фидес ја водеше против нејзиниот претходник Жан Клод Јункер, а која го разбесни Брисел.

Се наведува дека во текот на минатата ноќ биле поставени плакати на кампањата за изборите за Европскиот парламент во јуни наредната година. На билбордите се прикажани Фон дер Лајен и Алекс Сорос, син на либералниот милијардер и инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос, повеќегодишна мета на непријателство на партијата на Орбан, Фидес.

„Не играме како што тие свират“, пишува на билбордот. Понатаму се наведува дека Сорос е Евреин и некои критичари тоа го наведуваат како доказ за антисемитизам на Фидес, што партијата негира. Слични огромни билборди, кои ги прикажувале Јункер и постариот Сорос предизвикале прекор од Брисел во 2019-та година.

Фидес ги отстранил тие билборди откако најмоќната пратеничка група на десниот центар на Европскиот парламент се заканила со исфрлање на унгарската партија. Фидес ја напушти ЕПП две години подоцна.

Орбан, чија влада се обидува да деблокира милијарди евра од фондовите на ЕУ кои Брисел ги суспендирал поради политиката која Фидес ја спроведува, во саботата изјавил дека Унгарија мора да каже не на сегашниот европски модел изграден во Брисел.

Elindult a nemzeti konzultáció. A kormány intenzív figyelemfelhívó kampányt is indít. Szeretnénk, ha minél többen...

Posted by Magyarország Kormánya on Friday, 17 November 2023