Овие намирници се богати со антиоксиданти, внесете ги во вашата исхрана

Точка

20/11/2023

18:44

7.620

Големина на фонт

а а а

Антиоксидантите се супстанции кои го штитат телото од слободните кислородни радикали кои можат да ги оштетат клетките. Затоа, во исхраната треба да вклучите што повеќе храна богата со антиоксиданти.

Често слушаме дека антиоксидантите се чудотворни и лековити материи кои лекуваат секаква болест, но самиот збор означува цела група различни соединенија. Претежно се работи за витамини и некои минерали.

Тие се супстанции кои помагаат во „чистењето“ на молекулите кои ги оштетуваат клетките во вашето тело, а се нарекуваат и слободни радикали и доаѓаат во многу форми.

Во продолжение ви откриваме која храна е богата со антиоксиданти.

Домати

Доматите се полни со ликопен, кој е еден вид од групата антиоксиданти наречени каротеноиди. Ликопенот ќе го внесете во вашиот организам со јадење сирови домати. Исто така можете да го зголемите внесот на овој антиоксидант ако ги зготвите доматите во сос или ги јадете со малку масло.


Темно чоколадо

Љубители на чоколадото, радувајте се. Вашиот омилен десерт содржи антиоксиданти. Клучно е да јадете чоколадо со висока содржина на какао. Изберете темни видови наместо млечно или бело чоколадо и уживајте во умерени количини.

Ореви

Во споредба со повеќето други јаткасти плодови, оревите имаат најмногу полифеноли, еден вид антиоксидант. Треба да изедете само 7 ореви за да ги искористите здравствените придобивки.


Црвена пиперка

Сите пиперки се добри извори на антиоксиданти, но црвената пиперка е на прво место. Црвените пиперки се полни со каротеноиди кои можат да помогнат во спречување на одредени видови рак. Пиперките најдобро ги испорачуваат своите антиоксиданти кога се јадат сирови.

Црн дроб

Пилешкиот црн дроб или црн дроб од други животни е богат со витамин А, моќен антиоксидант кој помага во здравјето на коските и ја зајакнува одбраната на вашето тело од болести. Ако вкусот на црниот дроб е премногу силен за вас, потопете го во млеко пред да го зготвите.