[ФОТО] Рамо до рамо во најтешките и најубавите моменти: Мерлин на концертот во Белград пристигнал во друштво на жената која му е најголема поддршка

Точка

20/11/2023

13:52

3.433

Големина на фонт

а а а

Легендарниот музичар Дино Мерлин вчеравечер во белградската Штарк Арена го одржал својот втор концерт, кој како и секогаш бил спектакуларен.

Мерлин очекувано го поддржале бројни колеги, а најголема поддршка кога доаѓал во Белград веќе години наназад е Дада, снаата на Марко Булат и сопруга на починатиот новинар Игор Булат. Дада е позната менаџерка, благодарение на која Мерлин за првпат настапил во Србија во 2015 година, по повеќе од две децении.


Снаата на Марко Булат очигледно се погрижила и за овие два белградски концерти, со оглед на тоа што Мерлин во Арената пристигнал во нејзино друштво. Но, Дино и Дада не ги врзува само деловната соработка, туку и големото пријателство, за кое се дознало дури на погребот на сопругот на Дада, новинарот Игор Булат. Имено, кога се одржал погребот на Игор, сите биле изненадени кога таму го забележале познатиот музичар, кој не ги криел тагата и солзите за починатиот новинар на РТС. Дури подоцна се дознало дека Дино всушност бил долгогодишен пријател на семејството Булат.


Иако нивното дружење започнало преку работа, тоа прераснало во вистинско пријателство во моментот кога биле едни покрај други во најтешките животни моменти. Имено, кога во Србија не се пишувале воопшто убави работи за Мерлин, дада била таа која се осмелила да ги организира неговите концерти во Белград и се потрудила до луѓето да стигне вистината за тоа што легендарниот пејач навистина зборувал за Србија и Србите на што Дино ѝ бил многу благодарен.


А љубовта и почитта меѓу Мерлин и семејството Булат биле очигледни кога Игор се разболел. Како што се пишувало тогаш, Мерлин веднаш откако дознал за болеста на сопругот на Дада се погрижил тој да отпатува на лекување во Турција, а тој го финансирал неговото лекување.


За жал, Игор ја загубил борбата, а бил погребан со песната на Мерлин – „Ptica bijela“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг