Коефициентот на отпор на воздух е важна категорија, посебно во категоријата електрични автомобили. Сега кинески „Chery“ го претстави експерименталниот автомобил „Aero“, кој, искрено, изгледа како производен модел.
Инспириран од туна, тврдат дизајнерите, постигнува најдобар коефициент на отпор на воздухот од само 0,168 cd.
До конечниот производ имало околу 2.000 различни симулации, кои се компјутерски генерирани, но во дизајнирањето, наводно, важна улога одиграла и вештачката интелигенција.
„Chery“ е една од посебните кинески фабрики, со минимален број на електрични модели, но со голем фокус на извозот. Во првата половина од оваа година „Chery“ сочинувала 15% од кинескиот извоз на автомобили.
Наскоро влегуваат во голема електрична офанзива, а ова е очигледно добра најава.