[ВИДЕО] Норвежаните испишаа историја: На Антарктикот за првпат слета патнички авион

Точка

19/11/2023

12:41

5.725

Големина на фонт

а а а

Помеѓу 45-те патници кои се најдоа на овој историски лет беа научниците од Норвешкиот поларен институт. Покрај патници, авионот пренесувал и 12 тони опрема, што било од голема важност за оваа мисија.

Норвешката компанија „Norse Atlantic Airways“ влезе во историјата како прва компанија која со авионот „Boeing 787 Dreamliner“ успешно слета на Антарктикот.

Овој епски лет, како што истакнаа од компанијата, започнал во Норвешка, а првата фаза од патувањето била до Јужноафриканската Република. По краткото застанување, авионот го продолжил својот пат кон Антарктикот и успешно слетал на аеродромот Трол.

Норвешкиот поларен институт потврди дека ова е најголемиот патнички авион кој досега слетал на ова подрачје. Пистата на која авионот слетал е долга 3 километри и широка 60 метри.

Меѓу 45-те патници кои се нашле на овој историски лет имало и научници од Норвешкиот поларен институт. Освен патници, во авионот имало и 12 тони опрема, што било од големо значење за оваа мисија.

По повод слетувањето на авионот се огласи и директорот на компанијата „Norse Atlantic Airways“, Бјорн Торе Ларсен. Тој истакна дека е голема чест и возбуда за целиот тим што заедно го постигнаа овој значаен момент на слетување на првиот „787 Dreamliner“ на Антарктикот. Исто така, Ларсен додаде дека ова е вистински доказ за високо обучените и квалификувани пилоти и екипаж, како и за квалитетните „Boeing“ авиони што ги користи нивната компанија.

„Голема чест и возбуда во име на целиот „Norse“ тим е што заедно постигнавме значаен момент на слетување на првиот „787 Dreamliner“. Во духот на истражувањето, горди сме што учествуваме во оваа важна и единствена мисија. Тоа е вистински доказ за нашите високо обучени и квалификувани пилоти и екипаж, како и за нашите врвни „Boeing“ авиони“, изјави тој.