[ВИДЕО] Нови Сад избира градоначалник: Најавен е протест, огромен број полициски сили го обезбедуваат градското собрание

Макфакс

24/02/2025

08:39

240

Големина на фонт

а а а

Голем број полицајци утринава пристигнаа во градското собрание на Нови Сад каде денеска се одржува седница за избор на нов градоначалник. По тој повод се очекува протест организиран од новосадската опозиција, јавува Нова.рс.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на новосадското Собрание, денешната седница започнува во 10 часот. И уште во 6 часот и 30 минути утринава полициски службеници почнаа да го обезбедуваат објектот.

Според видеата објавени на социјалните мрежи, полицајците стационирани на влезот биле целосно опремени.

Во 7 часот, според видео снимките, полициски автомобили пристигнале пред градското собрание на Нови Сад. Набргу потоа, друга група полицајци пристигна во зградата на парламентот во Нови Сад.

Само 15 минути подоцна, јавува Нова.рс, пристигнале уште минибуси. Како што вчера објави порталот Нова.рс, обезбедувањето и неидентификувани лица со качулки, без обележја, вчера подигале ограда пред градското собрание.

Инаку, здружената новосадска опозиција ги повика граѓаните на протест во 9:30 часот за да го изразат своето незадоволство од обидот на СНС да избере нов градоначалник против волјата на мнозинството граѓани.

Имено, кандидатот за градоначалник на Нови Сад е советник во собранието на Нови Сад од листата на Александар Вучиќ, Жарко Миќин, објави неодамна Градското собрание.

Тој е шеф на кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ и еден од неговите најблиски соработници.