Вирална сцена од полскиот град Лоѓ стана туристичка атракција, откако работниците со бетон го опколија непрописно паркираниот автомобил и си заминаа дома.
Имено, минатиот петок работниците извесно време неуспешно се обидувале да стигнат до сопственикот на автомобилот и конечно за сè го известиле дежурниот градски полицаец.
Надзорникот не можел ништо да направи бидејќи просторот бил предаден на изведувачот, а на улицата веќе биле пристигнати контејнери со течен бетон. Поради ова, одлучено е да се изработат кофражни од даски и да се постават околу автомобилот, кој работниците го покриле со церада и продолжиле со работата.
No to lejemy 😂😂😂 byle by kół nie ubrudzić.
Straż Miejska w Łodzi gratulacje
Posted by LDZ Zmotoryzowani Łodzianie on Friday, 3 November 2023
Необичната сцена стана вирална градска атракција, но по некое време автомобилот мистериозно исчезнал. Пронајден е на паркинг на само неколку стотини метри. Притоа се јавил синот на жената која го оставила автомобилот на тоа место, тврдејќи дека мајка му го позајмила автомобилот на пријател и дека за сè дознале од медиумите.