[ФОТО/ВИДЕО] „Чудовиште“ од риба извлеченa од езерцето во Градскиот парк во Скопје

Точка

02/11/2023

16:41

13.025

Големина на фонт

а а а

Џиновска риба од видот бел толстолобик денеска била извлечена од езерцето кај кафулето „Централ Парк“ во Градскиот парк во Скопје.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои веќе неколку дена го чистат езерцето, денеска го извлекоа големиот толстолобик и привремено го сместија во кајак наполнет со вода.

Posted by Darko Panov on Thursday, November 2, 2023

Според коментарите на социјалните мрежи, рибата била тешка над 15 килограми.

Оваа слатководна риба чие латинско име е „Hypophthalmichthys molitrix“ потекнува од Кина и кај нас може да се забележи во Охридското, Крушевското Езеро и во други акумулации.

,,Spasen,, Tolstolobik vo ezerceto kaj kafe bar Central Park vo gradskiot park vo Skopje...

Posted by Darko Panov on Thursday, November 2, 2023

Ова е досега можеби најголемиот примерок на риба уловен во езерцата низ паркот и е доказ дека овие води во најголемиот парк во Скопје се богати со животински свет.