Дагестанскиот инфлуенсер Хазбула Магомедов е под истрага поради нападот во Махачкала кој се случи пред неколку дена.
Потсетуваме, жителите на тој град ги нападнаа Израелците кои пристигнаа во Русија, а пред тоа Хазбула преку своите официјални профили барал да не им се даде повод за останување во Дагестан. Обвинителството, судејќи по се, ќе започне постапка против него поради ширење на омраза.
„Не ги сакаме еврејските бегалци. Барајте од сите да не им ги издаваат нашите станови, не им продавајте куќи, не им изнајмувајте автомобили и не ги послужувајте во рестораните“, напишал Хазбула и додал:
„Сите сте сведоци како ги угостија во Палестина и на каков начин им се заблагодарија. Палестинските деца денес умираат, а тоа може да им се случи и на нашите луѓе“.
После тоа го открил и местото на кое се скриени Израелците. „Хотел Фламинго, градот Касавурт е наполнет со Евреи. На телефон никој не се јавува, но подобро им е да го испразнат хотелот или ќе го претвориме во пепел. Разбудете се и исфрлете ги од тука“, напишал Хазбула.
Исто така, потсетуваме, по нередите биле уапсени 83 лица.