По вчерашниот инцидент којшто се случи во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“, кога директорот Иван Мирчевски се вклучи во емисијата од дома и го избрка од студиото гостинот Исмет Рамадани поради националистички коментари поврзани со Албанците во Македонија, јавноста е со поделено мислење.
На оваа тема се огласија бројни јавни личности, здруженија и политички партии, а како што кажавме нивните мислења се поделени, односно некои го поддржаа, а некои го осудија потегот на Мирчевски.
Една од оние кои се огласи на темата е професорката Мирјана Најчевска, преку статус кој го напиша на социјалната мрежа Фејсбук, статусот ви го пренесуваме во целост:
„Пазете, националистичкиот и етничкиот наратив е пуштен на најсилно во Македонија. Се ближат избори и на нив не смее никој ни да помисли на криминалите на ДУИ, ВМРО и СДСМ. Сите мора да се сјатат во своите етнички јата и да бранат знамиња, химни, измислени херои, да обележуваат територија како секое живинче и да се тепаат околу некоја коска која им ја фрла некоја од партиите. Исмет Рамадани е испратен да испровоцира меѓуетничка тензија за никој да не зборува за големата кражба која се случува пред нашите очи.
Пазете, националистичкиот и етничкиот наратив е пуштен на најсилно во Македонија.
Се ближат избори и на нив не смее...
Posted by Mirjana Najchevska on Thursday, November 2, 2023
ВМРО и СДСМ се рамноправен дел од националистичката приказна затоа што се упајташени со мафијата регистрирана како политичка партија ДУИ. Нивните сателити само создаваат привид на плуралитет. Ни треба коренита промена“.
Реагираше и лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љупчо Георгиевски кој синоќешниот инцидент го нарече „голем срам за македонското новинарство“.
Статусот кој Ѓеоргиевски го напиша на социјалната мрежа Фејсбук ви го пренесуваме во целост:
„Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство.Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат. Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан. На ваква агресија уште пак и аплаузи да не се замерат со Канал 5. ГОЛЕМ срам за македонското новинарство“.
Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство.Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат.
...
Posted by Ljubco Georgievski on Thursday, November 2, 2023
Македонската конзервативна партија Интегра остро го осудува флагрантниот напад врз новинар и медиум од страна на гостинот Исмет Рамадани во емисијата „Само Вистина“:
„Изнесените непримерни обвинувања за етничка дискриминација, во основа се притисок втемелен на екстремизмите на кои почиваат дел од албанските интелектуалци и политичари.
Наметнување на веќе одамна изветвените тези за наводна дискриминација на албанската етничка заедница во Македонија претставува поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и омраза, наместо толеранција, меѓуетничко почитување и лојалност кон државата Македонија, кои се насушно потребни во овој турбулентен период. Директно мешање во правото и слободата на новинарите за извршување професионална новинарска работа со закани и ширење на говор на омраза е кршење на уставно загарантираното право на слобода на говор, а со тоа и кршење на Уставот на Р. Македонија.

Секој непримерен обид за напад на новинари и медиуми мора да покрене сериозни реакции од новинарската фела и институциите со цел да се осуди и санкционира ваквиот однос кон новинари и медиуми. Ја охрабруваме Канал 5 телевизија да поднесат соодветна пријава до надлежните органи за превземање на потребни мерки со цел обезбедување на услови за слободно новинарство и независни медиуми ослободени од секакви закани и притисоци“.
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски исто така ги осудува обвинувањата на Исмет Рамадани, неговиот статус кој го објави на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:
„Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија г. Рамадани. ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата "Само вистина" на ТВ Канал 5. Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани.
Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа...
Posted by Maksim Dimitrievski on Thursday, November 2, 2023
Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото“.
Реагираше и Сефер Селими од Демокраси Лаб на својот Фејсбук профил, статусот ви го пренесуваме во целост:
„Секој кој има грам достоинство и интегритет како јавна личност не треба да прифати покана за било каков настап во Канал 5 Телевизија без тие јавно и недвосмислено да му се извинат на Ismet Ramadani и без оставка од нивниот директор“.
Секој кој има грам достоинство и интегритет како јавна личност не треба да прифати покана за било каков настап во Канал...
Posted by Sefer Selimi Jr. on Thursday, November 2, 2023
Македонската асоцијација на новинари (МАН), целосно застана во одбрана и поддршка на „Канал5“:
„Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како на Канал 5 ТВ.
МАН ги осудува сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост. Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии.
Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 Тв ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот, се вели во соопштението на МАН“.
И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги застана на страната на „Канал 5“:
„Во врска со вчерашната емисија „Само вистина“, емитувана на ТВ Канал 5, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува дека дебатите за политичко – општествените прашања треба да придонесуваат кон остварување на слободата на изразување, кон културата на толеранција и во ниту еден момент не смеат да поттикнуваат нетрпеливост.
Сите учесници во јавниот дискурс, а особено политичарите и носителите на јавни функции, треба да бидат свесни за тежината на јавно искажаниот збор и да се воздржуваат од изјави, особено преку медиумите, кои го поткопуваат дијалогот меѓу различните етнички групи во општеството. Етикетирање на медиуми и новинари, како што тоа во вчерашната емисија го направи Исмет Рамадани, советникот за евроатлантски вредности на Премиерот, негативно се одразува на слободата на медиумите и го нарушува новинарскиот дигнитет. Политичарите и носителите на јавни функции имаат посебна одговорност пред јавноста и треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и да вложат максимални напори да се овозможи медиумите непречено да ја извршуваат својата работа.

Истовремено, медиумите треба да бидат простор за отворена дебата, место каде ќе се изнесуваат различните мислења и ставови (и позитивни и негативни) на учесниците во интервјуа, дискусии и други емисии. Уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика треба да бидат самостојни и независни. Секое попречување и, особено, прекинување на емисиите од страна на управителите или сопствениците на медиумите, како вмешувањето на Иван Мирчевски, управителот на ТВ Канал 5, во емисијата „Само вистина“ претставува мешање во таа независност и самостојност“.
Новинарот Дестан Јонузи, по повод инцидентот реагираше на следниот начин:
„Како мирољубив човек кој верува во демократските вредности и човековите права, Рамадани во телевизиската дебата сакаше да ја објасни својата теза за изградба на заедничка држава, како и за почитување на културните и етничките разлики што ги имаме. Неговата теза за „Албанците… Албанците…“ беше дека не е здраво за државата да се прават вакви квалификации и дека мора заедно да ја градиме иднината на државата без етнички предрасуди.

Бруталната интервенција на директорот на телевизијата во дебата каде аргументите треба да се сочаат и да не се користат фашистичко-исклучувачки методи, за да неговото уво да не слушна поинакви аргументи освен оние што сака да ги слушне, покажува за нивото на дебатната култура и слободата на говорот. Водителот на дебатата, ако се повикаме на професионализам, требаше да не дозволи да се вклучи неговиот директор, бидејќи беше непоканет гостин“.













