Се отвори Gevino Wine – прва персонализирана продавница за вино во Македонија

Точка

30/10/2023

12:35

1.960

Големина на фонт

а а а

Гевино го прошири своето портфолио и со своја прва физичка продавница во центарот на градот.

Во саботата, спроти Рамстор во Центар, се отвори Gevino Wine, прва персонализирана продавница за сортни македонски вина. Веќе добро познатите сорти на вина, Темјаника, Вранец и Хамбург Мускат, од сега , покрај во над 300 малопродажни објекти ширум Републиката, во едно поинакво руво ќе можете да ги пронајдете и во нивниот новоотворен wine shop, а од неодамна и на нивната веб страна www.gevino.com.mk кадешто можете да креирате и сопствен дизајн.


Во Gevino – Personalized Wine Shop, освен над 50 дизајни на персонализирани сортни вина, ќе можете да пронајдете и многу други персонализирани додатоци за вино, дрвени кутии, сет кутии со чаши, персонализирани грепки, честитки, дрвени лептир машни... Ќе пронајдете вино за слава, роденден, љубов, а доколку сакате нешто поразлично, истото може да ви биде изработено веднаш. Едноставно кажано, Гевино е едно ново катче во срцето на градот коешто нуди едно поинакво персонализирано искуство. Таму ќе пронајдете микс на квалитет, традиција и современост, микс на љубов, страст и уникатност, а сето тоа преточено преку пијалокот на боговите – виното.


Повелете на ул.Кирил и Методиј бр.38, спроти Рамстор во Центар.

Gevino….For The Moments That Matter.


Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг