Времето денеска сончево и топло

Макфакс

28/10/2023

08:58

1.355

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје, слично време со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на релативно топло време за овој период од годината.

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а кон средината на неделата се очекуваат локални врнежи од дожд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг