По прегревањето и ненадејните исклучувања, корисниците на „iPhone 15“ се соочуваат со нов проблем со својот смартфон

Точка

13/10/2023

16:01

10.383

Големина на фонт

а а а

„Горењето на екранот“ всушност е израз кој се користи за да се опише трајна деколоризација на некој дел од екранот на паметниот телефон.

Технолошкиот гигант „Apple“ ја лансираше својата „iPhone 15“ постава на годишниот настан во Купертино. Неколку дена по лансирањето, се појавија жалби од корисници дека уредот пребрзо се загрева или ненадејно се гаси. Сега, последните извештаи кои кружат на интернет зборуваат и за „горење на екранот“ на телефоните.

„Горење на екранот“ всушност е израз кој се користи за да се опише трајна деколоризација на некој дел од екранот на паметниот телефон. Дискусиите кои кружат на „Reddit“ и на форумите за „Apple“ укажуваат на проблемите со екраните на корисниците.


„Го купив мојот „iPhone 15 Pro Max“ на денот на лансирањето и досега го обожавав. Слушнав дека некои луѓе се соочуваат со деколоризација на нивните уреди, но јас не забележав ништо на мојот до пред неколку ноќи, кога почнав да гледам нешто слично. По понатамошна инспекција, дефинитивно станува збор за деколоризација“, напишал еден корисник на „Reddit“.

„Кога ќе ставам темносива слика на ниска светлина проблемот се гледа најдобро. Оваа недела ќе одам во продавница на „Apple“ да видам што можат да направат околу тоа“, додал корисникот.


„И јас го имам истиот проблем. „Apple“ ќе го замени уредот. Изгледа релативно необично, имам видено вкупно 5 извештаи. Но дефинитивно ова е вистински проблем со „15 Pro Max“, кој го немаше кај претходната генерација“, напишал друг корисник со име „joshmcx“.

На дискусијата на панелот на „Apple“, корисник со име „The Littles“ оставил коментар од друг корисник: „Горење на екран на „iPhone 15 Pro Max“. А минаа само две недели. Ова е најлошиот мобилен телефон некогаш направен од „Apple"“.

Засега, од „Apple“ не се огласиле за овој проблем.