Осмото коло во шпанската Ла Лига донесе четири натпревари во неделната програма, а еден од нив беше оној кој се играше во Виторија меѓу Алавес и Осасуна.
Гостите од Памплона успеаја да остварат важна победа од 0:2 и се искачија на средина на табелата, но покрај стрелците кои постигнаа два гола, клучен за овој триумф беше голманот Серхио Ерера.
Чуварот на мрежата на Осасуна правеше чуда на голот и во два наврати спасуваше чист гол, но во 80-та минута од мечот се погрижи и за сцена која не се памети во шпанскиот фудбал.
Ерера падна на земја и им посочи на соиграчите дека веќе не може да остане на теренот, а причина за тоа беше големиот притисок кој му го создавале чорапите кои ги носел.
Колку и да звучи неверојатно, Ерера навистина го напушти теренот поради оваа причина и му го отстапи местото на својот колега, па во тие моменти беше до толку бесен, што пушти и солзи на клупата за резерви.
По крајот на натпреварот кој заврши 0:2, Ерера потврди дека проблем му направиле чорапите, а неговата изјава почна да ја пренесуваат сите медиуми во Шпанија.
– Од стартот на сезоната се жалам дека новите чорапи ми се тесни и ми прават притисок на листовите на нозете. Успевав да трпам неколку натпревари, но овојпат топлото време и дехидратацијата си го направија своето, не можев повеќе да издржам.
– Немав никаква цел да го трошам времето, ако некој се навреди, моја намера не беше да си поигрувам со било кого. Немаше да побарам замена ако можев да останам на теренот, навистина уживав во натпреварот кој го имав, – изјави Ерера.
Como me lo he pasao?@SergioHerrera?? pic.twitter.com/0oKbYm5IWM
— GorkaOlea1898 (@GorkaOlea89) October 1, 2023
?️ @SergioHerrera explica su cambio por molestias musculares
— DAZN España (@DAZN_ES) October 1, 2023
"No tenía intención de perder tiempo. Llevo quejándome todo el año de la presión de las medias. Le he metido una bronca al utillero" ?#LALIGAenDAZN ⚽ pic.twitter.com/guwdTDzFtd