Брачен пар резервирал 51 последователно крстарење бидејќи им било поевтино од престој во пензионерски дом: „Ова е прекрасен живот“

Точка

02/10/2023

15:51

6.114

Големина на фонт

а а а

Марти и Џес Ансен од Австралија одлучиле да резервираат 51 последователно крстарење затоа што оваа опција, како што тврдат, им била поевтина од плаќање на пензионерски дом.

На првото крстарење заминале во јуни 2022 година. Тие останале на крузерот „Coral Princess“ повеќе од 450 дена – подолго од поголемиот дел од екипажот, вклучувајќи ги и капетаните. Очекуваат да останат на крузерот 2 години.

„Каде на друго место можеш да отидеш на вечера, претстава и танц? Во еден ден тука ги имате сите овие активности“, изјавила Џес во емисијата „A Current Affair“.

Марти навел дека сега не мораат сами да ја перат облеката, да го местат креветот и да прават други слични активности.

„Мислам дека заборавивме да ги правиме овие нешта бидејќи не сме ги правеле многу долго, па сега мораме да останеме на крузерот за да преживееме“, раскажал тој низ смеа.


Менаџерот на хотелот Рен ван Руен навел дека на крузерот сите ги познаваат Марти и Џес и дека тие имаат статус на славни личности. Секако, не планираат да престанат со ваквата авантура и наскоро ќе резервираат уште едно крстарење. Членовите на семејството ги гледаат кога застануваат на пристаништата во близина на нивните домови.

„Ова е прекрасен живот“, додал Марти.