Особини кои треба да ги барате кај партнерот за здрав однос – патот до хармонична љубовна врска

Точка

01/10/2023

16:00

13.584

Големина на фонт

а а а

При склопувањето на нови познанства лесно може да се случи да трошиме скапоцено време и енергија на луѓе со кои не можеме да воспоставиме здрав и хармоничен однос.

Затоа важно е од самиот почеток да обрнеме внимание на знаците кои ни говорат дека мажот има здрава енергија, а еве кои ги издвојува експертот за машко-женски односи, Џејк Вудард.

Карактеристики кои треба да ги има мажот со здрава енергија:


- јасна комуникација;
- искажување почит;
- конзистентност и стабилност;
- приземност;
- одлучност;
- самопочит;
- способност за лидерство;
- желба да ги заштити другите;
- јасно поставени цели;
- способност за поставување јасни граници;
-способност за преземање одговорност за своите постапки.

Мажот со здрава енергија ќе покаже интересирање од првиот ден. Нема да игра манипулативни игри или да ги тестира вашите граници. Тој ќе преземе иницијатива за прв состанок, земајќи ги предвид вашите желби и потреби.


Нема да форсира ништо, ниту ќе биде напорен. Тој ќе сака да преземе лидерство и да прави планови, но ќе ги испита и вашите желби и потреби. Секогаш кон жените ќе се однесува со почит и јасно ќе стави до знаење дека сака да се грижи за нив, да ги сака и штити. Со својата стабилност ќе покаже дека сака да биде некој којшто секогаш ќе биде тука.

Секако, не смееме да заборавиме дека никој не е совршен. Ќе ви биде тешко да запознаете маж којшто постојано ќе ги практикува сите горенаведени квалитети. Важно е да е свесен за своите недостатоци и да е подготвен да работи на тоа да стане подобра верзија од себе и за тоа отворено да разговара со вас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг