(Видео) Не се баш 3310, но тешко дека ќе ги скршите: „Nokia“ има два нови телефони

Точка

29/09/2023

18:58

11.396

Големина на фонт

а а а

„Nokia“ се здружи со германската компанија „i.safe“ за да објави два нови мобилни телефони.

Овие телефони, со ознака „Nokia HHRA501x“ i „Nokia IS540.1“, се замислени да се користат во индустриско окружение. Секако, минале низ строги стандарди и ригорозно тестирање за издржливост, па имаат „IP68“ i „MIL-810 H“ рејтинзи.

„Nokia“ вели дека телефонот можат безбедно да се користат во области со висок ризик од експлозија, како и дека може да се користат во области со помал ризик.

Исто така, од компанијата рекле дека телефоните ги поддржуваат сите потребни функции кои често ги користите, и дека ги стекнале сите потребни сертификати, па „се погодни за употреба од страна на глобалните компании“, пишува „Gizchina“.

Мобилниот телефон „Nokia IS540.1“ е опремен со екран од 6 инчи и заштитен со „Corning Gorilla 3“ стакло. Има „Qualcomm“ и „QCM6490“ процесор, а неговите перформанси се блиски до оние кои ги дава „QCM6490“.

Уредот исто така доаѓа со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Има 48 MP камера со автофокус и предна камера од 5 MP, како и батерија од 4400 mAh.