(Фото) Тамара Тодевска повторно среќно заљубена?Архитектот од Скопје си доби бакнеж во образ на Водно

Точка

29/09/2023

16:00

15.910

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тамара Тодевска по разводот од својот сопруг Александар Димитровски – Мачка, не говори многу јавно за својот љубовен живот, но таа периодов изгледа навистина среќна и задоволна од својот живот.

Тамара во интервју за „Женски магазин“ на прашањето кога одлучила да ѝ даде нова шанса на новата љубов, одговорила:

„Секогаш давам шанса на љубовта. Колку и да звучи клише, без љубов не можеме. И тука мислам на љубов кон семејство, работа, пријатели, како и на љубов кон партнер, секако. Нема правила. Љубовта не е мојот календар на планирани концерти и свирки, па да можам да ја адаптирам кон истите. Таа се случува. Без да прашам, без да планирам. Затоа е убава и вредна“.


Тамара досега неколку пати на социјалната мрежа Инстаграм сподели заеднички фотографии со Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје, а вчера осамна и фотографија од Водно на која пејачката го бакнува Лука во образ. На Инстаграм сторито, Тамара му ја посвети и песната „Kiss Of Life“ во која текстот гласи: „There must have been an angel by my side“ („Морам да имам ангел покрај себе“).


Па, сега останува прашањето, дали Лука е новиот партнер на Тамара Тодевска?



Спонзорирани линкови

Маркетинг