Листите на чекање за слободна маса во рестораните се сè почеста појава. А на своја кожа тоа го почувствувала и една корисничка на ТикТок, која за слободна маса во еден ресторан чекала повеќе од една година.
И тоа не е најголемиот проблем во целата приказна. Она што е шокантно е дека станува збор за измама, и тоа огромна.
Приказната на оваа тиктокерка е всушност прилично отрезнувачка и зборува за тоа како лесно може да наседнеме на информации на интернет без ниту мала доза на сомнеж или проверка.
Девојката во видеото зборува за тоа како супеала да резервира маса за вечера во ресторан на „Upper East Side“ во Њујорк, во кој било речиси невозможно да се влезе бидејќи е букиран по цела година однапред. Инаку, на интернет ресторанот има одлична оцена и рецензии.
Можеби затоа што не постои!
Испаднало дека една млада група луѓе кои живеат во заедничка куќа на шега измислиле име на ресторан „Merhan’s Steak House“ по својот другар Мерхан, а пријателите на интернет започнале да пишуваат оцени и рецензии за истиот.
Таа шега отишла дотаму да решиле навистина да направат ресторан за една вечер. Дури 900 луѓе од Њујорк се запишале на листата на чекање, а минатата недела 140 од нив добиле повик дека се ослободила маса во ресторанот. Поголемиот дел од нив чекале за резервација повеќе од една година.
This is the funniest thing i’ve seen this week. GenZ 1-0 Everyone else. pic.twitter.com/viJBn6NtH2
— Tobi (@TheTobiSmith) September 27, 2023
Гостите не знаеле дека храната ќе им биде послужена од страна на дваесет годишни млади лица кои воопшто не се занимаваат со оваа дејност. Тие го изнајмиле просторот за настани и го уредиле така да се изгледа реално. На ѕидовите ставиле слики на кои Кенеди јаде обро, некои лажни стари менија, како и биста на познатиот Мерхан – нивниот другар.
Тука бил и лудиот оброк од четири јадења кои биле инспирирани од животниот циклус на кравите. „Сопствениците“ на ресторанот режирале и лажно запросување, а пред ресторанот донеле и лажни фанови со транспаренти во рацете се со цел да остават впечаток дека во ресторанот се присутни познати личности. И сето тоа додека 22-годишниот „сомелиер“ се мачел со отворање на секое шише вино.
Поголемиот дел од гостите во даден момент сфатиле дека нешто не е во ред.
Логично, некои од нив се налутиле што плаќаат нешто што е всушност голема измама. А дел од нив пак отишле во ресторанот без посебни очекувања, па на сето тоа гледале како нешто интересно, поинакво и едно забавно искуство.