Први фотографии од пукањето во Ротердам: Отворил оган во стан, па ја запалил зградата, ранил најмалку три лица

Точка

28/09/2023

18:50

3.775

Големина на фонт

а а а

Полицијата успеала да го фати и уапси напаѓачот.

Денеска во Ротердам дошло до пукање на две локации од страна на едно лице.

Холандската полиција соопшти дека го уапсила осомничениот 32-годишен маж откако најмалку три лица биле ранети во пукање.

Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот прво отворил оган во куќа или стан, ранувајќи две лица, а потоа ја запалил зградата.

По пукањето во станот, осомничениот отишол во една локална болница каде што продолжил да пука.

За жал, пријавени се и смртни случаи.

На Твитер се појавила наводна снимка од уапсениот напаѓач кого го приведуваат припадници на холандските специјални сили.