(Видео) Трка на младоста против искуството: „Ford Mustang Dark Horse“ против „Ford Shelby GT350R“

Точка

28/09/2023

19:13

8.568

Големина на фонт

а а а

„Ford Mustang“ за 2024-та година е дел од сосема нова генерација, но по многу работи личи на моделот во заминување, што не значи дека не е подобрен.

Во новиот тест, „Hennessey Performance“ се обиделе да дознаат колку точно новиот модел е подобрен.

Двата спротивставени автомобили се „Ford Mustang Dark Horse“ од 2024-та и добро познатиот „Ford Mustang Shelby“ од 2020. Иако е четири години постар, станува збор за автомобил кој и натаму добро се држи.

Да потсетиме, „Ford Mustang Shelby GT350“ од 2020. година го придвижува 5,2-литарски V8 мотор, а за моделот „R“, силата на моторот оди и од 526 коњски сили. Од друга страна, „Ford Mustang Dark Horse“ мора да се задоволи со 5-литарски мотор, како и нешто помала сила – 500 коњски сили.

„Dark Horse“, меѓутоа, има специјален шестостепен мануелен менувач, како и кулери за кочниците, кулер за моторното масло и многу други додатоци.

На крајот, сето тоа не било доволно за „Ford Dark Horse“ да ја однесе победата над „постариот брат“, кој лесно го добива во последните 400 метри. И покрај тоа, фановите на „Mustang“ имаат многу за што да се радуваат, бидејќи веројатно ќе добијат уште некои примероци од оваа серија кои ќе одат уште побрзо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг