„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска“, напиша на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Со пратеничката, појаснува тој, ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака.
Ништо од тоа. Дафина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси.
Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации“, додава вицепремиерот.
Според него достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста, како што вели, која владее во нејзиниот табор.
Инаку денеска од собраниска говорница пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, дека ѝ праќал бакнежи и намигнувања од неговото пратеничко место.
Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал каква...
Posted by Bojan Maricik on Thursday, 28 September 2023