Објавена листата на најбезбедни земји во светот, на „тронот“ стариот лидер – на кое место се наоѓа Македонија?

Точка

28/09/2023

09:07

5.313

Големина на фонт

а а а

Глобалниот индекс за мир (GPI), ја претстави годишната ранг-листа за најбезбедни земји на светот, а истата ја креирал Институтот за економија и мир.

GPI ги рангирал земјите според голем број фактори, од ниво на насилство и криминал до тероризам и меѓународни конфликти. Овој извештај претставува најсеопфатна анализа водена според податоците за трендовите на мирот, економската вредност и начинот на развој на мирољубиво општество.


На првото место на овогодишната листа се нашол Исланд. Читателите кои го следеле GPI низ годините нема да бидат посебно изненадени – Исланд секоја година е на врвот на листата уште од 2008 година.

Благодарение на ниската стапка на криминал, но и ниската воена потрошувачка и ниска стапка на меѓународни конфликти, Исланд е најбезбедната земја на светот.

Втора на листата е Данска, дел поради ниското ниво на корупција во владата, додека трета е Ирска која се искачила за пет места од анкетата од 2022 година.

Кога станува збор за земјите од Балканот, Босна и Херцеговина се нашла на 61 место, Словенија на 8 место, Хрватска на 14 место, Македонија на 38 место, Црна Гора на 45 место, а Србија на 65 место.


Не секоја земја од светот била благословена со ниската стапка на криминал и ниското ниво на корупција. На другиот крај од спектарот на оваа листа се наоѓаат земјите кои патат од војните, опсежното насилство и политичка нестабилност, што ги прави неверојатно небезбедни. Така меѓу најнебезбедните земји се: Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг