Популарната актерка објавила нови фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, па предизвикала воодушевување кај нејзините обожаватели.
Фoтографиите ги коментирале и нејзините колешки Џулијан Мур и Мишел Фајфер.
Актерката Џенифер Анистон позирала во повеќе модни изданија, во кратко сако со вратоврска, а потоа и во бикини и „Rick Owens“ (9.660 долари) капут и потпетици. На останатите фотографии носела креации од „Valentino“.
„Прекрасно“, „Уметнички и моќно“, „Буквално си како кралица“, „Како ретка роза во градината, принцеза која сјае со уникатна убавина“, „Прекрасна“, „Не изгледа како да имаш 54 години“, биле само дел од коментарите.
Коментарите во кои се истакнуваат годините можеби помагаат да се победи мислењето дека убавината е резервирана само за младоста, но сепак и тие сами до некаде се одраз на таквото мислење, но Џен дефинитивно испраќа моќна порака колку жените се прекрасни во 50-тите години.
„Прекрасно“, напишала Џулијан Мур додека Мишел Фајфер додала: „Го одземаш здивот“.
Фотографиите на Џенифер имаат изразена уметничка страна, таа инаку позирала за 10-тото издание на „CR Fashion book“, баш како и Ким Кардашијан која ја критикуваа дека на тие фотографии е иста како Бјанка Чензори, сопругата на Канје Вест.
Дали вам ви се допаѓаат овие форографии од Џенифер Анистон?