Капсулата која содржи скапоцени примероци од астероидот Бену слета на Земјата во неделата, а вчера научниците на НАСА го отворија резервоарот во кој се наоѓа материјалот и со ентузијазам погледнаа што има внатре.
„Научниците беа многу возбудени кога го подигнаа капакот. Внатре во капсулата пронајдоа темна прашина и честички со големина на песок“, напиша вчера на "X" Одделот за истражување на астроматеријали на НАСА (АРЕС).
Ова е само почеток, бидејќи тимот сè уште не пристапил до главниот примерок oд астероидот. Тоа ќе бара демонтирање на уредот за собирање примероци TAGSAM, што е комплициран процес кој ќе потрае одредено време, пренесува "Index.hr".
НАСА ја лансираше сондата "OSIRIS-REx" кон Бену во септември 2016 година. Беа потребни две години за леталото да стигне до астероидот, а потоа уште две мапирања на површината пред тимот да најде соодветно место за собирање на примероци. На 20 октомври 2020 година сондата се спушти до астероидот и успеа да ја собере скапоцената прашина. Сепак, не помина сè како што очекуваа научниците.
“A scientific treasure box.”
— NASA Astromaterials (@Astromaterials) September 26, 2023
Scientists gasped as the lid was lifted from the #OSIRISREx asteroid sample return canister, showing dark powder and sand-sized particles on the inside of the lid and base.
Read more from the @NASA_Johnson curation lab: https://t.co/JBw6TCI7kB pic.twitter.com/t43QEDLH7G
Идејата беше сондата со својот дел да удри во површината и да ослободи излив на азотен кој ќе ги крене песокот и прашината. Меѓутоа, во текот на тој процес следел своевиден шок. Кога механизмот воспоставил контакт, површината се одвоила како течност, предизвикувајќи воздухот да создаде кратер со дијаметар од 8 метри.
Материјалот се разлетал во сите насоки, но за среќа и во комората за собирање примероци. Се поставува прашањето зошто целиот овој долгорочен и комплексен проект е толку важен?
Првата причина е што Бену е на врвот на листата на опасни астероиди на НАСА. Познавањето на составот на Бену може да ни даде идеја како да го запреме ако бидеме принудени да направиме вакво нешто во иднина.
Бену е остаток од времето на формирањето на Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години, и всушност е совршено сочувана временска капсула.
НАСА смета дека Бену е најопасната карпа во Сончевиот систем бидејќи има најголема веројатност да удри во Земјата од сите познати астероиди. Сепак, нема за што да се грижите. Иако Бену претставува ризик за нашата планета, веројатноста за удар е многу мала, пишува Science Alert.