(Фото) Погребан мафијашкиот бос: Месина Денаро го испратија малубројни членови на семејството на Сицилија

Точка

27/09/2023

16:25

2.219

Големина на фонт

а а а

Шефот на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро, кој во една прилика изјавил дека „убил доволно луѓе за цели гробишта“, е погребан денеска во својот роден град Кастелветрано на Сицилија во присуство на малубројни членови на семејството на кои им било дозволено да присуствуваат на погребот.

Месина Денаро беше уапсен во јануари оваа година после тридецениско бегство од полицијата. Почина во понеделникот од тешка болест во болницата во централна Италија и со себе во гроб ги однел сите големи тајни од своето мафијашко минато, наведува „Reuters“.


Неговиот ковчег, во придружба на полицијата, е пренесен навечер преку половина Италија, а погребното возило пристигнало во градот Кастелветрано на југозападот на Сицилија рано утрово и влегло на гробиштата по спореден пат, заобиколувајќи ги станбените населби за да се избегнат изливи на наклонетост или бес на локалните граѓани.


Седум луѓе оделе зад погребното возило, а едно лице носело огромен букет жолто цвеќе. На гробиштата влегле и три автомобили со блиски роднини, по што полицијата го затворила влезот за да спречи влегување на новинари. Погребот бил извршен без верска служба.


Денаро бил осомничен за бројни убиства и други кривични дела. Му било судено во отсуство во 2002-ра година и бил осуден на доживотен затвор поради многу злосторства, меѓу кои и вмешаност во убиството на најпознатите обвинители кои ја гонеле мафијата – Џовани Фалконе и Паоло Бореселино во 1992-ра година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг