Зошто би требало што почесто да консумирате калинка? Зачувување на здравјето на срцето и простатата се само некои од предностите

Точка

27/09/2023

13:49

6.639

Големина на фонт

а а а

Калинката е овошје кое е познато како симбол на здравје и вечен живот, а од таа причина би требало да ја консумирате што почесто.

Една калинка задоволува дури 16 отсто од дневните потреби на организмот за витамин Ц. Нутриционистите препорачуваат да се јаде на празен стомак. Доколку патите од болки во зглобовите, консумирајте калинка бидејќи таа содржи флавоноли кои ги намалуваат отоците.


Освен тоа, во калинката се наоѓа и антиоксидантот пуницалагин кој има способност да го зачува здравјето на срцето и крвниот систем. Ако ја консумирате редовно, ќе го намалите крвниот притисок и лошиот холестерол.

Една чаша сок од калинка дневно го чува и здравјето на простатата и да ја намалува шансата за појава на еректилна дисфункција. Исто така, сокот од калинка ги уништува бактериите во организмот како ешерихија коли и стафилокока.


Доколку сте под стрес, консумирањето на калинка ќе поттикне создавање на серотонин, познат како хормон на среќата и за кратко време ќе започнете да се чувствувате многу подобро односно порасположено.

Истражувањата покажуваат и дека калинката е ефективна во спречување на појава на рак на бели дробови, дојка, простата, дебело црево и кожа.