(Видео) Ангелова: Го штититме стандардот на народот, нови мерки за намалување на цените на пијалаците, овошјето и зеленчукот

Макфакс

27/09/2023

13:21

976

Големина на фонт

а а а

„СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Продолжува реализацијата на мерките за намалување на цените на прехранбените производи. Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода, пивото кои се намалуваат за 10 %“, рече Марија Ангелова, пратеничка на СДСМ.

„Дополнително, со мерката за ограничување на маржата за трговците се намалува и цената на овошјето и зеленчукот за околу 30%. Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 30 до 40% отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава.

Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети.

Со овие мерки и со политиките за постојано покачување на платите и пензиите СДСМ го штити стандардот на граѓаните“, изјави Марија Ангелова, пратеничка на СДСМ.

„Минималната плата е покачена од 8.900 денари во 2016 година на 20.175 денари, просечната плата сега е над 36.000 денари.

Како резултат на покачувањето на платите од 2017 година наваму една минимална плата и една просечна плата ја надминуваат вредноста на потрошувачката кошничка.

На пример во 2022 година, 36.000 денари просечна плата + 20.175 денари минимална плата се поголем приход од 50.000 денари.

Тоа никогаш се нема случено пред 2016 година, за време на владеењето на ДПМНЕ.

СДСМ како одговорна партија, продолжува со реална грижа за граѓаните и нивниот стандард“, додаде Марија Ангелова, пратеничка на СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг