Директорот на Одделот за односи и информации во Министерството за внатрешни работи на Ирак, Саад Маан денеска изјави дека се уапсени девет лица кои биле вработени во салата за свадбени веселби, во кои загинале над 100 лица, а 150 лица се повредени во оганот.
Маан рече дека ќе издаде налози за апсење за уште четворица вработени, објави Би-би-си. Тој посочи дека причините за трагедијата се „недостиг на здравствени и безбедносни мерки, запаливи материјали што се користеле во градбата и очигледно огномет организиран во затворен простор“.
Iraq- At least 100 people have died and 150 others injured after a fire broke out at a wedding in northern Iraq?
— Sri Lanka Tweet ?? (@SriLankaTweet) September 27, 2023
Early reports say it broke out after fireworks were lit.-BBC #IraqWeddingFire #Pray #RIP ?pic.twitter.com/FR7IjelZji
Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани прогласи тридневна национална жалост.
Бројот на жртви се уште не е потврден, но државната агенција ИНА претходно објави дека најмалку 100 луѓе загинале, а 150 се повредени. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по пожарот што избувна доцна синоќа.
Мисијата на ОН за помош на Ирак на платформата Х објави дека е шокирана од огромниот број жртви и повредени во пожарот.
#BREAKING #Iraq One hundred people were killed at a wedding in a fire in northern Iraq, and another 150 were injured. pic.twitter.com/MXXEB8VAt6
— The National Independent (@NationalIndNews) September 26, 2023
„Голема трагедија. Искрено сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението.
Стотици луѓе присуствуваа на свадба во Ал-Хамданија во провинцијата Ниневија во северен Ирак кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати местото каде што се одржуваше прославата.
Во првите извештаи на ирачките медиуми се наведува дека во пожарот загинале и младенците, но подоцна агенцијата Нина објави дека тие преживеале, но се лекуваат од изгореници.
? BREAKING: More than 500 injured, 100 killed in wedding hall fire in Iraq. pic.twitter.com/GnHCXjtehG
— {Matt} $XRPatriot (@matttttt187) September 27, 2023
„Пожарот предизвика уривање на делови од салата за славење бидејќи беше изградена со многу запаливи, евтини градежни материјали кои се урнаа за неколку минути по пожарот“, соопшти ирачката управа за цивилна одбрана.