Арсенал вечерва ќе се соочи со Брентфорд во англискиот Лига куп, а менаџерот Микел Артета потврдил дека во составот нема да биде Букајо Сака.
Англискиот репрезентативец кој има најголем придонес во однос на офанзивниот учинок на „топчиите“ се повреди на градското дерби со Тотенхем и сега мора на принудна пауза.
Не само што нема да игра во купот, Сака веројатно ќе го пропушти и гостувањето кај Борнмут претстојниот викенд.
– Имаше сериозен проблем со ногата по натпреварот, моравме да го изнесеме од теренот, што никогаш не е добра вест.
– Немаме среќа, во случајот со Тимбер се работеше за друга причина, додека кај Сака некој го нагазил. Секогаш се обидуваме да ги избегнеме повредите, но тие се дел од фудбалот. Имаме многу интернационалци кои играат сериозен број минути, но немаме премногу простор за ротации пореди повредите, – рекол Артета.
Против Брентфорд, во неговиот тим ќе ги нема и Тимбер, Мартинели, Парти и Тросар, а нејасно е каква е состојбата на Рајс, кој се пожали на повреда на грбот на градското дерби.