Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка

Дерби

27/09/2023

12:04

2.308

Големина на фонт

а а а

Барселона го презема врвот на табелата во Ла Лига откако Реал Мадрид загуби на дербито со Атлетико, но многу брзо може да дојде до пресврт бидејќи каталонците потфрлија вчера на гостувањето кај Мајорка.

Тимот на Чави Ернандес повторно бркаше резултат, но за разлика од пред неколку дена кога направи страшен пресврт, сега мораше да се задоволи само со освоен бод (2:2).

Барселона повторно постигна два гола на еден меч и офанзивните решенија не се проблем за Чави, но тренерот е свесен дека слаба точка на стартот на сезоната е играта и поставеноста во одбраната.

– Мислам дека создадовме доволно шанси за да победиме. Минатото коло игравме против одбрана со пет играчи, така беше и сега. Тогаш постигнавме три гола, сега постигнавме два. Постигнувањето голови не е проблем за нас, мора да се подобриме дефанзивно и тоа е факт.

– Немаме проблем да напаѓаме густи одбрани со пет играчи, правиме клучни грешки и мора да бидеме поконцентрирани. Сметам дека одбраната е наша слаба точка во моментов. Даваме доволно голови за да победиме, но примаме премногу во овој момент, – заклучи Чави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг