Виктор Осимен го сврте вниманието на себе со нервозната реакција која ја имаше кон тренерот Руди Гарсија додека го напушташе теренот на гостувањето во Болоња, кое ќе го памети и по промашениот пенал во вториот дел.
Нигериецот се претвори во трагичар за „наполитанците“ и искажа големо незадоволство кога беше повлечен од игра, па иако италијанските медиуми открија дека голгетерот му се извинил на Руди Гарсија, очигледно е дека нешто во клубот не функционира на стартот на новата сезона.
Наполи забележа три кикса на стартот и веќе сериозно заостанува зад Интер, но почетната криза од теренот се префрли и надвор од него, бидејќи Тик-Ток профилот на „наполитанците“ објави спорно видео со кое го исмеа својот напаѓач.
Napoli’s admin on TikTok trolling Victor Osimhen? Or what's this nonsense for your own player?
— POOJA!!! (@PoojaMedia) September 26, 2023
This is INSANE pic.twitter.com/QvPluTDbep
Ова видео стана вирално и наиде на голема осуда од навивачите на Наполи, па иако во продолжение беше избришано, правниот тим на Осимен сега се закани дека може да биде подготвена тужба до клубот.
– Тоа што се случи на официјалниот Тик-Ток профил на Наполи е неприфатливо. Најпрво беше објавено видео со кое јавно се исмева Виктор, а потоа беше избришано. Тоа му нанесе сериозна штета на фудбалерот, кој во изминатиот период е жртва на лажни вести во медиумите. Го задржуваме правото да поднесеме легални акции против клубот за да го заштитиме Осимен, – гласи соопштението на Роберто Календа, претставникот на Нигериецот.