Иако поголем дел од нас уживаат во првото утринско кафе и незамисливо е денот да си го почнат без него, треба да знаете дека тоа е лошо по здравјето (доколку го пиете на празен стомак).
Студија објавена во дигиталното издание на библиотеката на американскиот Национален институт за медицина, покажала дека кафето кое го пиете на празен стомак, особено кај жените, лоши влијае врз нивното здравје.
Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во телото е најголемо наутро кога ќе се разбудиме, а најниско навечер кога одиме на спиење.
„Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е најголемо, ги нарушува хормоните во организмот и циркадијалниот ритам. Кортизолот лошо влијае на овулацијата, хормоналниот баланс и тежината“, објаснува нутриционистката и докторка Карлин Розенблум.
„Консумирањето кофеин кога нивото на кортизол е највисоко стимулира зголемено лачење на кортизол. Иако сѐ уште не е објаснето зошто тоа се случува, сметаме дека тоа има врска со дејството на кафе на одредени витамини и минерали во организмот“, заклучила д-р Розенблум.
„Кортизолот, како и сите други хормони, неопходен е за функционирањето на организмот, но проблемот настанува кога постојано сме под стрес и кога телото непрекинато го лачи. Тоа може да доведе до зголемување на нивото на шеќер во крвта и отпорност на инсулин. Освен што стимулира дополнително лачење кортизол, кафето на празен стомак може да предизвика проблеми со варењето и да го зголеми нивото на желудочна киселина“.
Кога да го испиете првото утринско кафе?
„Доколку станете околу седум часот наутро, најдобро е првото кафе да го испиете меѓу 9 и 30, кога нивото на кортизол е природно ниско. Добро е за појадок да јадете храна богата со калциум, како бадеми, јогурт или чиа семки кои ја неутрализираат киселоста“, советува Розенблум.
„Доколку го пиете кафето тогаш, ќе го добиете неопходното ниво на енергија“, заклучила докторката.